Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Рок до 27-ми јуни за поголеми плати или вработените во УЈП најавуваат генерален штрајк

Рок до 27-ми јуни за поголеми плати или вработените во УЈП најавуваат генерален штрајк

1 min read

Скопје, 20. јуни 2023 (ИНПРЕС) – Доколку до 27-ми јуни вработените во Управата за јавни приходи не го добијат бараното покачување на платите за 30 отсто, ќе следува генерален штрајк, што ќе значи дека сите исплати во државата ќе бидат блокирани.

– Постапките за организација на генералниот штрајк се во тек, понудено е помирување преку Министерството за труд и социјална политика согласно регулатива и предложен помирувач, а претходно е известен работодавачот, вели Васе Недановски од синдикатот на УЈП додавајќи дека рокот за помирување зависи од Министерството.

Од синдикатот на УЈП велат дека доколку не се изнајде решение и дојде до генерален штрајк тоа нема да биде по нивна вина.

– Доколку не се договориме, ставот на вработените е да се спроведе генерален штрајк. Тоа е нешто што за жал ако дојде ќе биде не по наша вина бидејќи сите наши аргументи, мислења и докази не се земени предвид. Ние не сакаме да дојдеме до резултат врз основа на нешто што ќе се случи и ќе предизвика поголеми последици. УЈП е една стожерна институција, ќе се наруши исплата на плати, пензии и други исплати, ќе се блокира бизнис-секторот, повратот на данок, вадењето уверенија и други потребни документи. Тоа е момент што ние не го посакуваме, меѓутоа вработените се револтирани. Очигледно е дека не се сака да се седне, додава Недановски. (Крај)

извор: ТВ 24 фото: архива

Post navigation

Previous Струга домаќин на ревијален Интернационален Џудо натпревар Struga Open 2023 за лица со интелектуална попреченост
Next Со Ohrid Wine Fest ќе биде отворена туристичката сезона во Охрид, учество ќе земат над 20 винарии

Слични вести

Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк
1 min read

Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк

Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски

Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски

Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти
1 min read

Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.