РЦСОО „Ванчо Питошески“ и Охрид домаќини на Меѓународниот натпревар на ученици од угостителски и туристички училишта GATUS 2023
September 25, 2023

Охрид, 25. септември 2023 (ИНПРЕС) – Од 28-ми септември до 1-ви октомври Охрид преку Региониот центар за средно стручно образование „Ванчо Питошески” ќе биде домаќин на 11. Меѓународен натпревар на ученици од угостителски и туристички училишта – GATUS 2023.

Ќе се натпреваруваат околу 200 учесници од 15 училишта од земјите од поранешна Југославија. Во Охрид доаѓаат ученици од Марибор, Ново Место и Радовљица (Словенија), Опатија, Осиек и Сплит (Хрватска), Бања Лука и Предор (Босна и Херцеговина – Република Серпска), Белград, Смедерево и Лесковац (Србија), Бар и Херцег Нови (Црна Гора) и Охрид, Македински Брод (Република Македонија).

Нема опис за фотографијата.

Натпреварите ќе се одвиваат во хотелот „Метропол – Белви“, а ќе бидат во дисциплините угостителско послужување и подготовка на туристички аранжман, со посебен акцент на планинскиот, рурален туризам.

Нема опис за фотографијата.

На отворањето ќе се обратат претставник на Министерството за образование и наука, на локалната самоуправа од Охрид, како и директорот на РЦССО „Ванчо Питошески”, Марјан Радески.

На најдобрите и највештите учесници – ученици и ментори, ќе им бидат доделени златни и сребрени признанија.

Минатата година GATUS се одржа во Словенија, а охридските ученици имаа забележителен успех со освоени 2 сребрени и 1 бронзен медал. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива