Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • САД: Албанија е главен извор за производство на марихуана

САД: Албанија е главен извор за производство на марихуана

Тирана, 5. март 2016 (ИНПРЕС) – Според последниот извештај на Стејт департментот за борба против наркотични средства се наведува дека Албанија и понатаму останува главен извор за производство на марихуана и транзитно место.

Во извештајот уште пишува дека Албанија е транзит земја за шверц со кокаин и хероин, кои понатаму се шверцуваат за европскиот нарко пазар.

– Според статистиката на албанската полиција, во првите десет месеци од минатата година реализирани се серија апсења, запленето е големо количество на дрога – 6,87 тони марихуана, а целосно уништија 689.815 садници марихуана засадена на 44 хектари во неколку делови на Албанија. Во наведениот период запленети се 55,3 килограми хероин и 26,4 килограми кокаин, се наведува во извештајот, пренесува МИА.

Ваквиот успех, се додава во документот, главно се должи на континуираната соработката со италијанските власти, помошта од САД и зајакнатите активности на раководството на албанската политика и полиција. (Крај)

извор: МИА фото: архива

Post navigation

Previous Шешељ одбива да се врати во Хаг на изрекување на пресудата
Next Нови рестрикции за мигрантите на балканската рута

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.