November 1, 2014

Вашингтон, 1. ноември 2014 (ИНПРЕС) – Американскиот потпретседател Џозеф Бајден имал телефонски разговор со кипарскиот претседател Никос Анастасиадис, во кој му ја изразил поддршката на САД за Никозија во спорот со Турција за развој на гасните наоѓалишта во источниот Медитеран.

Потпретседателот изрази загриженост од последната манифестација на тензии во источниот Медитеран и потврди дека САД го поддржуваат суверенитетот на Кипар и неговото право да ги развива ресурсите во својата ексклузивна економска зона во согласност со воспоставените меѓународни норми, се вели во пораката на Белата куќа.

Апетити во регионот има Анкара, која го испрати истражувачкиот брод „Барбароса“ за испитување на нафтногасни полиња. Турција полага право на овој регион, во кој спаѓаат три од 13-те сектори на кипарската економска зона. Меѓу трите е и секторот, во кој во моментов италијанскиот енергетски гигант ЕНИ во конзорциум со корејската компанија „Когаз“ вршат ископувања согласно концесијата дадена од страна на кипарската влада.

Анастасиадис ги оцени дејствијата на Турција какогрубо прекршување на суверените права на Кипар“. (Крај)

извор: АФП фото: архива