Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • САД го поддржаа Кипар во спорот против Турција

САД го поддржаа Кипар во спорот против Турција

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Вашингтон, 1. ноември 2014 (ИНПРЕС) – Американскиот потпретседател Џозеф Бајден имал телефонски разговор со кипарскиот претседател Никос Анастасиадис, во кој му ја изразил поддршката на САД за Никозија во спорот со Турција за развој на гасните наоѓалишта во источниот Медитеран.

– Потпретседателот изрази загриженост од последната манифестација на тензии во источниот Медитеран и потврди дека САД го поддржуваат суверенитетот на Кипар и неговото право да ги развива ресурсите во својата ексклузивна економска зона во согласност со воспоставените меѓународни норми, се вели во пораката на Белата куќа.

Апетити во регионот има Анкара, која го испрати истражувачкиот брод „Барбароса“ за испитување на нафтно–гасни полиња. Турција полага право на овој регион, во кој спаѓаат три од 13-те сектори на кипарската економска зона. Меѓу трите е и секторот, во кој во моментов италијанскиот енергетски гигант ЕНИ во конзорциум со корејската компанија „Когаз“ вршат ископувања согласно концесијата дадена од страна на кипарската влада.

Анастасиадис ги оцени дејствијата на Турција како „грубо прекршување на суверените права на Кипар“. (Крај)

извор: АФП фото: архива

Post navigation

Previous Уапсените џихадисти на Косово биле ветерани од војните во Сирија и Ирак
Next Јосиповиќ – Односите меѓу Србија и Хрватска се во стагнација

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.