Хаг, 23.октомври 2015 (ИНПРЕС) – Душан Дуњиќ, кој денес требало да сведочи на судењето на Ратко Младиќ, пронајден е мртов во хотелот во кој престојувал, неофицијално јавуваат српските медиуми повикувајќи се на извори од Меѓународниот суд за поранешна Југославија.
Дуњиќ го нашле службеник на хотелот и претставник на Меѓународниот суд, а службениците на брзата помош само можеле да ја констатираат смртта. Холандските власти почнале истрага за случајот.
Дуњиќ е експерт за судска медицина од Србија, а сведочел на повеќе предмети во Меѓународниот суд во Хаг. Бил вештак на обвинителството во неколку случаи, а на судењето на Радован Караџиќ бил вештак на одбраната. Тој требало да сведочи во корист на одбраната и на судењето на Ратко Младиќ.(Крај)
извор:МКД фото:архива