Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Света маченичка Аквилина

Света маченичка Аквилина


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 26. јуни 2023 (ИНПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Света маченичка Аквилина.

Родена е во палестинскиот град Вивлос, од благочестиви родители. Уште во седмата година беше наполно упатена во вистинскиот христијански живот, а во десеттата толку преисполнета со разум Божествен и со благодатта на Светиот Дух, што им Го проповедаше Христа со голема ревност и голема сила на своите пријателки. Кога настана гонењето на Диоклецијан, некој ја поткажа Аквилина кај царскиот намесник Волусијан, кој беше еден ѕвероподобен човек. Волусијан најнапред нареди да ја камшикуваат, а потоа со усвитена шипка да ѝ ги прободат ушите и мозокот.

До последниот здив девицата Аквилина Го исповедаше слободно и јавно Господ Христос, а кога од главата почнаа да ѝ течат мозокот и крвта, таа падна како мртва. Мислејќи дека е навистина мртва, намесникот заповеда да ја изнесат надвор од градот и да ја фрлат на ѓубриште, за телото да ѝ го изедат кучиња. Но, ноќта ѝ се јави ангел Божји и ѝ рече: „Стани, биди здрава!“ Девицата стана и беше здрава и долго со благодарност Му вознесуваше слава на Бога, молејќи Го да ѝ допушти да го доврши маченичкиот подвиг. „Оди, ќе ти биде како што молиш!“, се слушна глас од небесата.

И Аквилина отиде во градот. Градската порта сама се отвори пред неа и таа дојде и влезе, слично на дух, во дворецот на намесникот пред неговата постела. Намесникот го обзеде неискажлив ужас, бидејќи ја виде жива девицата за којашто мислеше дека умрела. Утредента му нареди на џелатот да ја убие со меч. Пред ова девицата Аквилина Му се помоли на колена на Бога и го предаде својот дух. А кога беше мртва џелатот сепак и ја отсече и главата. Нејзините мошти беа извор за исцелување на мнозина болни. Имаше дванаесет години кога пострада за Христа.

Пострада и се украси со маченички венец во 293 година.

извор: Слободен печат фото: архива

Post navigation

Previous Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 26. степени
Next Од 1 јули целосно се забрануваат ќесите од 15 денари, ќе се продаваат само биоразградливи

Слични вести

Меѓународен таеквондо ИТФ натпревар „Ohrid Open 2026“ утре во Охрид Меѓународен таеквондо ИТФ натпревар „Ohrid Open 2026“ утре во Охрид
1 min read

Меѓународен таеквондо ИТФ натпревар „Ohrid Open 2026“ утре во Охрид

„Mama/Abba“ – нова песна на Тајзи посветена на семејството, верата и вистинските вредности „Mama/Abba“ – нова песна на Тајзи посветена на семејството, верата и вистинските вредности
1 min read

„Mama/Abba“ – нова песна на Тајзи посветена на семејството, верата и вистинските вредности

Охридската оперска дива Миланка Новеска вечерва во Лондон ќе дебитира како Риналдо во операта на Хендл Охридската оперска дива Миланка Новеска вечерва во Лондон ќе дебитира како Риналдо во операта на Хендл
1 min read

Охридската оперска дива Миланка Новеска вечерва во Лондон ќе дебитира како Риналдо во операта на Хендл

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.