Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Свечености за одбележување на годишнината од смртта на војводата Христо Узунов

Свечености за одбележување на годишнината од смртта на војводата Христо Узунов

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 18. април 2024 (ИНПРЕС) – Со бројни свечености, Општина Охрид и ОУ „Христо Узунов“ ќе одбележат 119 години од смртта на учителот, војводата и револуционерот Христо Узунов.

Програмата започнува утре од 19:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ каде ќе се одржи приредбата за одбележување на патрониот празник на училиштето што го носи неговото име.

Свеченостите продолжуваат во понеделник 22-ри април, од 11:00 часот во дворот на основното училиште ќе биде положено цвеќе пред спомен обележјето и ќе се одржи историски час.

Во среда, 24-ти април, од 11:00 часот ќе биде положено цвеќе пред бистата на Узунов во градскиот парк, а на неговиот гроб во кичевското село Цер ќе се одржи панихида.

Христо Узунов загина на 24-ти април 1905 година. На овој ден тој со својата чета од Крушево заминал за Кичевско, но во кичевското село Цер четата била опколена од многуброен турски аскер со артилерија. Бидејќи немале никаква помош, борците биле принудени или да се предадат или да се самоубијат. За да не им паднат живи в раце на Турците, тој и неговите 13 соборци последните куршуми ги истрелале во себе. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Познати сe полуфиналните термини во Лигата на шампионите
Next All of those cars were once just a dream in somebody’s head

Слични вести

Концерт на Јоце Панов на 18-ти март во Македонска филхармонија Концерт на Јоце Панов на 18-ти март во Македонска филхармонија
1 min read

Концерт на Јоце Панов на 18-ти март во Македонска филхармонија

Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања
1 min read

Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања

Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија

Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.