Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Локална Самоуправа
  • Свечено одбележан 11. Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ

Свечено одбележан 11. Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ

1 min read
Свечено одбележан 11. Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ

Одбележување 11 октомври 2024 година

Охрид, 10. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Најзначајниот период во милениумското битисување на Македонскиот народ е неговото учество во четиригодишната народно-ослободителна епопеја во Втората светска војна, после која се поставени темелите на новата Македонска држава и се исполни сонот на многу генерации за создавање сопствена држава, порача градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков на пригодната свеченост, со која денес се одбележа 11. Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ во втората светска војна.

– Денес, Охрид и Македонија го одбележуваат празникот на македонскиот непокор. Во сите периоди на своето опстојување, Охрид бил дел од историските настани кои ја одредувале иднината на македонскиот народ, испишувајќи ја на таков начин сопствената историја и неспорниот придонес во градењето на светската цивилизација. Во својот повеќе децениски слободарскиот од, градот доживува континуиран национален, социјален, културен и научен развој кои го продолжуваат неговиот сјај на културна и духовна метропола на македонскиот народ и воопшто на Сесловенскиот свет. Затоа овие датуми се неизбришливи и инспиративни за генерациите кои доаѓаат. Почитувани присутни, нека ни е честит и долговечен 11. Октомври, симболот на непокорот на македонскиот народ, истакна Пецаков.

Во името на Сојузот на борците од Охрид и Дебрца, пред присутните се обрати претседателот на организацијата Гоце Георгиески, кој хронолошки потсети на најзначајните моменти од Народно ослободителната борба и херојството на македонските партизани.

Програмата беше збогатена со уметнички перфоманс на учениците од основните училишта „Св. Наум Охридски“ и „Ванчо Николески“ и гимназијата „Св. Климент Охридски“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

Post navigation

Previous Во Охрид ќе се одржи симулациска вежба за размена на информации за криумчарење мигранти и трговија на луѓе
Next Проф. д-р Анис Сефиданис ќе биде специјален гостин на Digital Security Festival во Италија

Слични вести

Денеска теристичка дезинсекција против комарци, пчеларите да преземат соодветните мерки за заштита Денеска теристичка дезинсекција против комарци, пчеларите да преземат соодветните мерки за заштита

Денеска теристичка дезинсекција против комарци, пчеларите да преземат соодветните мерки за заштита

Утре ќе се спроведе теристичка дезинсекција против комарци, пчеларите да преземат соодветните мерки за заштита Утре ќе се спроведе теристичка дезинсекција против комарци, пчеларите да преземат соодветните мерки за заштита

Утре ќе се спроведе теристичка дезинсекција против комарци, пчеларите да преземат соодветните мерки за заштита

Од понеделник комуналниот отпад ќе се подига од 06:00 часот Од понеделник комуналниот отпад ќе се подига од 06:00 часот

Од понеделник комуналниот отпад ќе се подига од 06:00 часот

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.