Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • Проф. д-р Анис Сефиданис ќе биде специјален гостин на Digital Security Festival во Италија

Проф. д-р Анис Сефиданис ќе биде специјален гостин на Digital Security Festival во Италија

1 min read
Проф. д-р Анис Сефиданис ќе биде специјален гостин на Digital Security Festival во Италија

Проф. д-р Анис Сефиданис специјален гостин на Digital Security Festival Италија

Охрид, 10. октомври2 2024 (ОХРИДПРЕС) – Проф. д-р Анис Сефиданис од Охрид ќе биде специјален гостин на Digital Security Festival (DSF) во Италија.

– Ви го претставуваме еден од специјалните гости на новото издание на Digital Security Festival, фестивал за дигитална безбедност, порачуваат организаторите.

DSF е настан за ширење на културата и дигиталната безбедност, кој ќе се одржи од 18-ти октомври до 8-ми ноември 2024 година. Ќе се одржат 10 настани во живо, плус три online, а ќе се претстават 50 говорници кои се истакнати професионалци во својата област, институции и специјални гости.

Проф. д-р Анис Сефиданис е професор на Факултетот за машинска интелигенција и роботика на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид, основач на Центарот за истражување и развој на експоненцијални технологии и е креатор на три аватари што комбинираат хардвер и софтвер и кои припаѓаат на полето на дигиталната хуманост. Првиот е паметниот споменик на Григор Прличев кој комбинираше холографија и вештачка интелигенција, потоа Споменикот на иднината претставен по повод празникот Св. Кирил и Методиј, а неговиот најнов проект е хуманиодниот робот, кој ќе работи како првиот Dj во светот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Сефиданис

Post navigation

Previous Свечено одбележан 11. Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ
Next Кривична пријава за член на Надзорен одбор на банка од Скопје поради измама при работење со хартии од вредност

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.