Тирана, 26. мај 2015 (ИНПРЕС)- На годишниот состанок на Регионален совет за соработка (РСС) кој се одржа во петокот во Тирана беше забележана силна поддршка на трудот на оваа организација регионот економски да закрепне и да се забрза процесот на ЕУ интеграција.
Домаќинот на средбата, албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати посочи дека РСС го покажа своето значење преку тоа што ја поттикна позитивната соработка во регионот и неуморно работи кон креирањето на нов Балкан – регион каде владее мир и просперитет. Бушати ја истакна потребата за уште поголема координација на регионалните напори како и поголема вклученост на граѓанското општество во процесот.
Генералниот секретар на РСС, Горан Свилановиќ говореше за потребата регионот да ја подобри врската со ЕУ, да демонстрира нов дух и култура на соработка и да се фокусира на раст и создавање на нови работни места.
– И покрај предизвиците аспирантите од Југоисточна Европа покажаа значителен напредок во процесот на евро-интеграција, појасни Свилановиќ.
Тој додаде дека главната улога на РСС е да гради мостови и да придонесува кон обидите за економско закрепнување во регионот.
Српскиот вице премиер и министер за надворешни, Ивица Дачиќ, зборуваше за потребата да се подобри бизнис атмосферата во регионот и го пофали РСС за промовирањето на заедничкиот дијалог. (Крај)
извор: Инпрес фото: архива
