Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Сертификати за уште 7 лица обучени за негувател/ки на стари лица и лица со попреченост

Сертификати за уште 7 лица обучени за негувател/ки на стари лица и лица со попреченост

Охрид, 7. јули 2023 (ИНПРЕС) – Заврши четвртиот циклус од обуките за негувател/ки на стари лица и лица со попреченост на Црвен крст Охрид, при што доделени се сертификати на 7 лица, кои во мај и јуни ја следеа обуката.

– Лицата кои ја завршија обуката ќе имаат можност да бидат вклучени во Нега центар при Црвен крст Охрид, социјален сервис кој ја нуди социјалната услуга помош и нега во домот на стари лица над 65 години, лица со намален функционален капацитет и на лица со попреченост на територија на Општина Охрид, велат од охридскиот Црвен крст.

Инаку, од март минатата година во рамки на Црвен крст Охрид официјално започна со работа Нега Центар, кој нуди помош и нега на стари лица и лица со попреченост во домот.

Охридскиот Црвен крст организира обука за негуватели на стари лица и лица со попреченост

Професионални и сертифицирани негуватели нудат домашна помош и домашна нега, пред сè за постарите граѓани, но и за сите граѓани кои имаат потреба од ваков вид поддршка.

– Нега центарот нуди можност на нашите постари граѓани да живеат независно онаму каде што се чувствуваат најудобно – во своите домови. Ова е единствен провајдер на услуги за помош и нега на стари лица и лица со попреченост во домот на територија на општина Охрид, информираа од Црвен крст Охрид.

Основната цел на Нега центар – Охрид е да го подобри и одржува здравјето на корисникот во неговото семејно опкружување. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Реконструкција на дрвениот мост во Струга
Next Утре прв „Ракија базар“ во Охрид

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.