Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Се реконструира музејот „Доктор Никола Незлобински“

Се реконструира музејот „Доктор Никола Незлобински“

1 min read
Се реконструира музејот „Доктор Никола Незлобински“

Струга, 10. февруари 2023 (ИНПРЕС) – Кровот и фасадата во музејот „Доктор Никола Незлобински“ во Струга се целосно реконструирани во рамките на проектот „Реконструкција на природонаучната поставка“, а предвидено е и преуредување на витрините со музејски збирки.

Директорката на установата Албулена Лита информира дека било извршено препокривање на кровната конструкција и оти целосно била реновирана фасадата на главната музејска зграда.

– Внатрешно направени се керамичарски работи на подот од изложбениот дел, зафати на таванот со комплетни молерофарбарски работи на таванот и ѕидовите, исткна Лита.

За реализација на проектот, посочи, биле озбезбедени 3.500.000 денари преку Министерство за култура.

За годинава, според Лита, предвидени се интервенции и комплетно преуредување на витрините.

– Еден од поголемите проекти за оваа година ќе биде „Осовременување на депоата“, каде се сместени музејските збирки. Ќе се вршат и конзерваторски работи на археолошките предмети и теренски активности во кои ќе се вклучат стручните лица од сите одделенија, изјави Лита.

Музејот „Доктор Никола Незлобински“, минатата година, презентираше дел од мозаиците од ранохристијанската базилика од 5 век откриени при изградба на црквата Свети Никола во струшкото село Октиси. Мозаиците се достапни за јавноста во посебен изложбен простор во склоп на комплексот во новоизграден објект-конаци во дворот од црквата Свети Никола на површина од 70 метри квадратни, за што од буџетот на Министерството за култура биле издвоени 150.000 денари. (Крај)

извор: Опсервер фото: архива

Post navigation

Previous Струшката Општа болница доби нов современ мамограф
Next Костадиновска-Стојчевска: Работиме на зачувување на Охридскиот регион со статусот кој го има и со унапредување

Слични вести

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.