Атина,9.јуни 2015 (ИНПРЕС) – Земјотрес со интензитет од 5,3 степени изутрината ја потресе Атина.
Засега нема информации за жртви и оштетувања.
Главниот град на Грција последователно беше погоден од голем број вторични потреси, најголемите со јачина од 3,8 и 3,3 степени според Рихтеровата скала. Првиот потрес се случил во 4:09 по локално време во Егејско Море, со епицентар на 77 километри северозападно од Атина и на 26 километри северозападно од Халкида. Тој бил на длабочина од 13 километри.
Вторичните потреси се регистрирани во 5:31 по локално време, јавија грчките медиуми. (Крај)
извор:Р.С.Е фото: архива