Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Слатко лето охридско со Plazma, Тамаро и Супер радио: Најмлади Plazma кувари (Видео)

Слатко лето охридско со Plazma, Тамаро и Супер радио: Најмлади Plazma кувари (Видео)

1 min read

Охрид, 10. јули 2023 (ИНПРЕС) – Како продолжение на успешната соработка со најголемите компании од државата и регионот повеќе од една деценија наназад, охридските „Тамаро“ маркети и водечкиот медиум во регионот, Супер радио, и ова лето нудат врвна забава, многу подароци и насмевки за сите.

Заедно со Plazma ќе се дружиме со нашите пријатели од целиот свет во нашиот Охрид во уште едно „Слатко лето охридско со Plazma“. Ќе уживаме со Plazma, Plazmix и Wellness, а како дел од кампањата предвидено и е и дружење и заедничка подготовка на највкусни слатки со нашите најмлади другари од градинката „Јасна Ристеска“ со кои заедно неколку часа бевме „Најмлади Plazma кувари“.

– Со моите другари-кувари од детската градинка „Јасна Ристеска“ подготвивме највкусни плазма колачиња по рецептите кои ги позајмивме од порталот plazmaslatkarnica.mk каде имате огромен број на рецепти подготвени со превкусната Plazma. Во кујната на градинката, заедно со моите другари – најмлади кувари, но и нивните професионални лица кои секојдневно се грижат тие да добиваат вкусни и здрави оброци, подготвивме неколку рецепти со Plazma, порача популарниот водител Жанко ЗШ Голабоски, кој неколку часа се дружеше и уживаше со најмладите охриѓанчиња – куварчиња.

Во опуштен разговор со одговорните лица во градинката зборувавме и затоа колку е важна здравата исхрана за децата, кои рецепти најчесто им ги подготвуваат и секако кои јадења децата најмногу го сакаат.

– Јас си поминав преубав ден со моите другари и колеги кувари од детската градинка „Јасна Ристеска“ од Охрид со кои готвивме највкусни плазма колачиња по рецептите кои ги позајмивме од порталот plazmaslatkarnica.mk. Им благодарам за дружбата и преубавите колачи кои ги направивме заедно. Огромна благодарност и до комплетната екипа на детската градинка „Јасна Ристеска“ кои ни овозможија да се дружиме со овие прекрасни дечиња. „Слаткото лето Охридско со Plazma“ во Охрид продолжува, имаме подготвено уште многу вкусни изненадувања за Вас. Следете не цело лето, порача Жанко.

Ова лето, заедно со Plazma имаме подготвено навистина бројни и слатки изненадувања. Ќе имаме продажба на посебно подготвени Plazma колачиња кои ќе се продаваат во Тамаро маркетите, а сите средства ќе бидат наменети за децата со Ретки болести, Plazma чаршиска слаткарница, Plazma Lake Crusing  и многу други интересни содржини.

Да уживаме заедно во уште едно неповторливо лето охридско 2023-то.

И оваа кампања е ново дело излезено од креативната работилница на Супер радио и Be 1 Digital Marketing, кои поставуваат нови стандарди во маркетингот и презентацијата на компаниите во регионот.

извор: ИнПрес фото/видео: Супер радио/Be 1 Digital marketing

Post navigation

Previous Охрид најубав: 10. јули 2023 година
Next Поради дефект, прекин во водоснабдувањето во село Лескоец

Слични вести

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо
1 min read

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.