December 28, 2014

Загреб/Сараево/Белград, 28. декември 2014 (ИНПРЕС) – Голем дел од Хрватска, БиХ и Србија, во текот на изминатата ноќ е под снежна прекривка, која во одредени региони предизвикува проблеми во сообраќајот.

Во Загреб, кој го дочека првиот снег оваа сезона, до 07:00 часот наврнаа 20-тина сантиметри снег, а на Сљеме се измерени 31 см.

Загреб денес

Снегот и понатаму паѓа, во време кога градскиот сообраќај се одвива отежнато, но без застои. Зимските градски служби соопштија дека се подготвени за снежните врнежи. Од Хрватскиот автоклуб (ХАК) ги предупредија патниците дека на најголемиот дел од патиштата сообраќајот се одвива во зимски услови. Се вози отежнато, а голомразица е регистрирана на мостовите и на повисоките места.

Снегот прекри и голем дел од Србија, каде се препорачува внимателно возење на патиштата.

Метеоролозите најавуваат дека до понеделник во голем дел од земјата се очекува снежна прекривка со височина од 10 до 30 см, локално и повеќе, но и силен ветер и можна појава на снежни наноси. Температурите ќе бидат во минус, дури и во текот на денот.

View image on Twitter

Белград денес

Врнежите од снег денес предизвикаа отежнато движење на возилата и по патиштата во Босна и Херцеговина. Снег со умерен интензитет паѓа во најголемиот дел од земјата, а на повисоките планински места се задржува на патиштата.

Сараево денес

Екипите на патната служба на БиХ интервенираат на сите делници каде тоа е неопходно, а возачите се советуваат да возат максимално внимателно и да ја прилагодат брзината кон условите на патот и да не тргнуваат на пат без соодветна зимска опрема. Во земјата од утрово е на сила посебно предупредување кое се однесува на обилните врнежи кои се очекуваат и силните удари на ветер. (Крај)

извор: Б92/Блиц/klix.ba фото: Б92/Блиц/klix.ba