February 26, 2016

Приштина, 26. февруари 2016 (ИНПРЕС) – Косовскиот парламент на дневен ред на денешната седница го има и изборот на претседател на Косово.

Изборот е меѓу двајца кандидати од редовите на Демократската партија на Косово, шефот на дипломатијата Хашим Тачи и Рафет Рама. Опозицијата најави дека нема да дозволи Хашим Тачи, кој е и претседател на Демократската партија на Косово да биде избран на функцијата шеф на државата и дека ќе организира протести во парламентот и пред него. Претседателот на Косово треба да биде избран до 6 март. Во спротивно мора да бидат распишани вонредни парламентарни избори.

Според процедурата, во првите два обида потребно е за него да гласаат две третини од пратениците, додека во третиот обид доволни се 50 проценти, односно 61 пратеник. (Крај)

извор: Р.С.Европа фото: архива