Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Со заеднички активности Општина Охрид и Здружението на професори по италијански јазик ќе ги промовираат италијанскиот јазик и култура

Со заеднички активности Општина Охрид и Здружението на професори по италијански јазик ќе ги промовираат италијанскиот јазик и култура

1 min read

Охрид, 22. март 2023 (ИНПРЕС) – Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков и претседателката на Здружението на професори по италијански јазик (ЗПИРМ) м-р Бранка Гривчевска потпишаа меморандум за соработка.

– Меморандумот се темели на заемен интерес на Општина Охрид и на здружението за остварување на долгорочна образовна, научна, културна, јазична и апликативна сорботка. Целта е преку заеднички активности да се промовираат италијанскиот јазик и култура во Општина Охрид. Соработката ќе се остварува преку заеднички проекти од образовен, културен, развоен, истражувачки и научен карактер, различни облици на научна, истражувачка и техничка помош, консултации и размена на знаења и искуства, организирање настани, работилници, тркалезни маси и собири, соопштија од Општина Охрид.

Согласно потпишаното во тек е факултативна настава по италијански јазик во основните училишта „Христо Узунов“ и „Св. Климент Охридски“. Станува збор за пилот проект финансиран од Општина Охрид, а наставата ја следат околу 100 ученици. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Министерството за животна средина и АДКОМ потпишаа Меморандум за соработка во Охрид
Next Неколку улици без вода поради две одделни интервенции на водоводната мрежа

Слични вести

ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини
1 min read

ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани
1 min read

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.