Охрид, 3. март 2026 (ИНПРЕС) – Со културната манифестација „Создадена да создава“, Охрид ќе го одбележи 8. Март – Меѓународниот ден на жената.
Предвидените настани ќе се одржат во сабота, на 7- ми март. Од 17:30 часот во Арт Тераса ќе биде отворена изложбата на фотографии „Жени во фокусот“ на младата охриѓанка Нина Анѓелоска, по што ќе бидат врачени фотографии на 12 жени во фокусот. Ќе следи концерт на Ѓорѓи Ѓорчев и Кате Танева. Од 18:30 часот во галеријата на Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде отворена изложбата на жени сликарки од Женски центар „Бисера“, а од 19:00 часот во Арт Тераса уште една изложба на Фото клуб „Охрид“ насловена „Жени зад објективот“.
Празничната програма ќе биде заокружена со коцерт на гитаристот Дејан Милевски од 20:00 часот, во црквата Св.Софија. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
