Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Со најголема донација досега за ЈЗУ Општа Болница Охрид, д-р. Асен Шајн го заокружи директорскиот мандат во установата

Со најголема донација досега за ЈЗУ Општа Болница Охрид, д-р. Асен Шајн го заокружи директорскиот мандат во установата

1 min read
Со најголема донација досега за ЈЗУ Општа Болница Охрид, д-р. Асен Шајн го заокружи директорскиот мандат во установата

Охрид, 10. јули 2024 (ИНПРЕС) – Најголема донација во вредност од 6.000.000 денари за ЈЗУ Општа болница – Охрид, последна во директорскиот мандат на д-р.Асен Шајн.

Донацијата е на Агенцијата за катастар на недвижности Скопје, а ќе биде искористена за купување на современа медицинска опрема, што значително ќе го подобри квалитетот на здравствените услуги кои ги нуди установата кон пациентите.

– Искрено им се заблагодаруваме на Агенцијата за катастар на недвижности, за нивната поддршка и значајниот придонес во областа на општественото здравје и заштита. Нивниот труд и посветеност се од непроценливо значење за унапредување на здравствените услуги и за добробитта на нашите сограѓани, вели д-р Шајн.

Д-р. Асен Шајн е специјалист по оториноларингологија, а со болницата раководеше од април 2022 година. Во дописот до министерот за здравство д-р. Арбен Таравари е наведено дека оставката ја поднесува од лични причини.

Во отчетот за двегодишниот мандат, д-р Шајн вели дека установата ја наследил со тешка финансиска состојба со блокирана сметка од август 2021 и бројни извршни решенија, застој во испорака на основни медицински и други материјали, лекови, кадровски недостатоци од стручен кадар посебно во одделението за педијатрија. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Д-р. Асен Шајн поднесе неотповиклива оставка од функцијата директор на охридската Општа болница
Next Николоски: Kако ќе правиме, ќе правиме, до крај на 2026 година автопатот Охрид – Кичево ќе биде завршен

Слични вести

Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева
1 min read

Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ
1 min read

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.