Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Со целовечерен концерт на „Танец“ во среда почнува 62-от Балкански фестивал на народни песни и игри

Со целовечерен концерт на „Танец“ во среда почнува 62-от Балкански фестивал на народни песни и игри

1 min read

Охрид, 3. јули 2023 (ИНПРЕС) – Со дефиле на учесниците и целовечерен концерт на ансамблот „Танец“, во среда на сцената Долни сарај ќе биде отворено 62-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри, што ќе трае до 9-ти јули.

Предвидени се обраќања на потпретседателот на Собранието на Република Македонија, Горан Мисовски, градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков и директорот на Центарот за култура Горан Симоноски. Концертот е со почеток во 20:30 часот.
Во рамки на фестивалот, утревечер од 20:00 часот во изложбениот салон на Центарот за култура „Григор Прличев“, ќе биде отворена изложбата „Од Љубанишча до Дебор” од колекцијата на Љупчо Милошески.

На годинашното издание покрај ансамбли од Македонија, ќе насатапат и фолклорни групи од Словенија, Полска и од Чикаго, САД.

И овојпат на најстарата фолклорна манифестација на Балканот ќе се афирмираат културните достоинства на народите. Програмските придобивки, квалитетот на презентацијата на фолклорниот материјал и можноста тој да биде отворена сцена за кумуникација на културите на народите придонесе овој фестивал да биде застапен во каталогот на УНЕСКО на најзначајни фолкорни манифестации во светот.

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Од денеска започнува „Летната пливачка школа 2023“ на „Акваспирит“
Next Двајца охриѓани се стекнаа со црн појас во Бразилска ЏиуЏица

Слични вести

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани
1 min read

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма
1 min read

Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.