January 13, 2023

Охрид, 13. јануари 2023 (ИНПРЕС) – Екипи на „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски комуналец“ со активности за заштита на чинарите на територијата на општина Охрид.

Можно е да е слика од 3 луѓе, луѓе што стојат, надвор и дрво

Можно е да е слика од 3 луѓе, луѓе што стојат, дрво и надвор

– Кај чинарот на плоштадот Крушевска Република се реализирани активности за обновување на заштитната кора, прихрана, дополнување со хумусна земја, чистење од суви и непотребни гранки и расчистување на околниот простор. Кај чинарот во населба Воска се реализирани активности за прихрана, кастрење суви гранки и расчистување на околниот простор. Кај другите чинари на територијата на општина Охрид се интервенираше со отстранување на бршлените, информираат од претпријатието.

На иницијатива на општина Охрид, Владата на Република Македонија во септември 2021 година ги прогласи седумте охридски чинари за природна реткост. Минатотво лето пак, беа поставени информативни табли пред заштитените Чинари и Коџечикот, со основни информации за староста и називот на заштитените стебла. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива