Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Србија нема да гради ограда на границата со Македонија

Србија нема да гради ограда на границата со Македонија

Белград, 18.август 2015 (ИНПРЕС) – Претставниците на српската власт, опозиција но и на невладините организации едногласно ја отфрлиле идејата на лидерот на Српската народна партија (СНП), Ненад Поповиќ за подигнување на ограда на границата со Македонија, пишува српскиот весник „Блиц“.

Лидерот на оваа српска партија изјавил дека преку градењето на ѕид на границата со Македонија, Србија би го спречиле неконтролираниот прилив на мигранти од Блискиот Исток и од северна Африка.

Српскиот министер за социјални прашања Александар Вулин изјавил дека ваквиот предлог не е нов, но дека „ѕидот досега не ги заштитил нити Унгарија, нити Бугарија, како што тоа не го направи нити контролата на морето од страна на Грција и Италија“.

– Србија бара ЕУ да ја формулира својата политика и зависно од тоа ние ќе заземеме став во согласност со своите интерес. Покрај тоа, Србија не е цел на мигрантите и засега немаме проблем со бројот на луѓе кои бараат азил, нити пак со прописите кои го регулираат добивањето на азил, рекол Вулин.

Шефот на пратеничката група на Српската напредна партија (СНС), Зоран Бабиќ пак навел дека Србија сака Европа без граници и дека политиката на српската влада е „изградба на мостови, а не ѕидови“.

Шефот на пратеничката група од редовите на демократите пак, Борислав Стефановиќ навел дека смета оти предлогот на СНП е мотивиран од „опасни десничарски идеи“, и дека проблемот со мигрантите е многу покомпликуван од подигнувањето на ограда.

Директорот на Групата 484, Владимир Петронијевиќ исто така истакнал дека ѕидовите „никогаш нема да ја сопрат миграцијата“, и предупредил дека оваа идеја е спорна и од поглед на меѓународото право.(Крај)

извор:Макфакс/Блиц фото:архива

Post navigation

Previous Борбена техника на американската армија пристигнува оваа недела во Бугарија
Next Во Вуковар укината кирилицата, Србија упати протестна нота

Слични вести

Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика
1 min read

Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика

Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“ Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“

Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.