Српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ формираше посебен истражен тим да ги испита фактите и околностите за приватизација на српската нафтена индустрија, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.
Соопштението дојде по деновите на контроверзии и обвинувања во медиумите на владејачката Српска напредна партија (СНС) и опозициската Демократска партија (ДП) за приватизацијата на некои државни претпријатија во текот на периодот кога на ДС беше на власт.
Рускиот “Gaspromneft” во 2008 година стана сопственик на 51 отсто од капиталот во Србија НИС, со обврска да инвестира уште 500 милиони евра во модернизација на рафинериите во Панчево. (Крај)
извор: РТС фото: архива







