Охрид, 12. февруари 2026 (ИНПРЕС) – Жанко ЗШ Голабоски од екипата на Супер радио, како и многу пати досега, самоиницијативно во хумана мисија, повторно даруваше крв.
– „Охриде не бери гајле“ и Супер радио честопати самоиницијативно организираат крводарителска акција. Одзивот и овојпат одличен. Десетина граѓани веќе даруваа крв, а денешната акција трае до 12:30 часот. Благодарност до медицинскиот персонал од Одделението за трансфузиологија за љубезноста и професионалноста, вели Голабоски.



Тој потсетува дека не мора да се чекаат крводарителски акции, туку секој кој е во можност, својата драгоцена течност може да ја дарува во Службата за трансфузиона медицина. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес/Жанко ЗШ Голабоски
