September 29, 2015

Приштина, 29.септември 2015 (ИНПРЕС) – Косовскиот министер за надворешни работи Хашим Тачи вети дека ќе Косово ќе учествува во борбата против Исламската држава и ќе ги брани христијаните.

На средбата со грчкиот колега Никос Коциас одржана во рамките на Генералното собрание на ОН во Њујорк, Тачи се заблагодари за „доследната позиција на Грција во однос на Косово и поддршката на Атина за напорите на Приштина за интеграција во меѓународните организации“.

Косовското министерство за надворешни работи соопшти дека за време на средбата Тачи изразил приврзаност на косовската влада за борба против верскиот фанатизам, вклучувајќи го и учеството во борбата против „Исламската држава“, како и неговите намери да обезбеди заштита и финансирање за поправка и реставрација на христијанските споменици и цркви во Косово.(Крај)

извор:Инпрес фото:архива