Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Македонија
  • Телата на загинатите косовски Албанци во Куманово испратени во Приштина

Телата на загинатите косовски Албанци во Куманово испратени во Приштина

1 min read

Приштина, 21. мај 2015 (ИНПРЕС) – Македонските власти ќе и ги предадат на Приштина телата на деветмината косовски Албанци што загинаа пред две недели во судирите со полицијата во Куманово, меѓу кои се и телата на двајца од водачите на таа група Мирсад Ндрецај – Командант НАТО и Бег Ризај -Командант Бегу, пренесува српски „Курир“.

Телата на деветмината припадници на „кумановската група“ денеската ќе им бидат предадени на семејствата на Косово, јавува РТС повикувајќи се на сајтот на албански јазик „Журнал“.

Како што се наведува, македонското обвинителство дозволило телата да се префрлат во Приштина, откако беше извршена обдукцијата. Резултатие од обдукцијата се уште не се објавени.

Според македонското обвинителство, ќе бидат предадени телата на Џафер Зимерај, Мирсад Ндрецај, Бег РИзај, Валон Кабаши, Тургај Гаши, Самид Кастриори, Хисен Рушити, Фатлум Вишесел и Арбен Реџај.

Косовските медиуми тврдат дека Албанците кои македонската полиција ги зароби бо операциите во Куманово, се мачени и малтеретирани во притвор, што потврди и македонскиот Омбудсман Иџет Мемети, наведува РТС. (Крај)

извор: kurir.rs/rts фото: архива

Post navigation

Previous Митов – Бугарија ќе биде гарант на македонската независност
Next Косово прати вербална нота до Македонија

Слични вести

Лани во Охрид се родиле 383 бебиња, регистриран е негативен природен прираст преку целата година Лани во Охрид се родиле 383 бебиња, регистриран е негативен природен прираст преку целата година
1 min read

Лани во Охрид се родиле 383 бебиња, регистриран е негативен природен прираст преку целата година

Охрид во април го посетиле 20.523 странски туристи, најмногу од Германија, Србија, Турција и Франција Охрид во април го посетиле 20.523 странски туристи, најмногу од Германија, Србија, Турција и Франција
1 min read

Охрид во април го посетиле 20.523 странски туристи, најмногу од Германија, Србија, Турција и Франција

Во април во Охрид издадени девет одобренија за градба, во Струга едно, а во Дебрца ниедно Во април во Охрид издадени девет одобренија за градба, во Струга едно, а во Дебрца ниедно

Во април во Охрид издадени девет одобренија за градба, во Струга едно, а во Дебрца ниедно

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.