Приштина, 26. јануари 2016 (ИНПРЕС) – Франција имала интерес да го зголеми своето влијание во земјите каде, како што изјавил Сираму, немало демократија или биле во војна, а меѓу тие држави, во тоа време било и Косово, кое пред себе ја имало Србија.
Поранешниот шеф на француската тајна служба (DGSE), Пјер Сираму, тврди дека поранешниот косовски премиер и актуелен вицепремиер и шеф на дипломатија, Хашим Тачи, бил француски разузнувач, јави порталот Албеу.
Според него, Франција имала интерес да го зголеми своето влијание во земјите каде, како што изјавил, немало демократија или биле во војна, а меѓу тие држави, во тоа време било и Косово, кое пред себе ја имало Србија.
– Франција имаше интерес да формира илегално движење во Косово, посебно по снимките емитувани во медиуми, каде Србите убиваат и масакрираат жени и деца. Франција, исто така, ја снабдуваше со оружје УЧК, додал Сираму. (Крај)
извор: Телеграф фото: архива