September 7, 2015

Призрен, 7.септември 2015 (ИНПРЕС) – Во селото Крајск, во Призрен, пред неколку дена се случила голема трагедија за време на свадба.

Брат си го убил братот, а во инцидентот биле повредени уште четири лица.

Како причина за ваквата трагедија се наведува нетпеливоста помеѓу двајцата браќа. Тие се договориле автомобилот со кој требало да тргнат по невестата да го паркираат во нивната заедничка парцела, но третиот брат не го дозволил тоа.

– Се претпоставува дека оваа трагедија се случила поради паркираните возила на заедничкиот имот на тројцата браќа. Во оваа трагедија едно лице е убиено, а четири се повредени – рекол за РТК, Весел Гаши, претставник од полицијата.

Немилион настан се случила во моментот кога сватовите тргнале по невестата.(Крај)

извор:Инпрес фото:архива