Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Трибина по повод Денот на АРМ вечерва во Младински Центар Охрид

Трибина по повод Денот на АРМ вечерва во Младински Центар Охрид

1 min read
Трибина по повод Денот на АРМ вечерва во Младински Центар Охрид

Охрид, 17. август 2023 (ИНПРЕС) – Младински Центар Охрид во соработка со Здружението на ветерани од одбраната и безбедност Охрид, организира трибина по повод Денот на АРМ, 18-ти август и 80 години од формирањето на баталјонот „Мирче Ацев“.

Трибината ќе се одржи вечерва од 18:00 часот во Младински Центар Охрид (Conference room), а учество ќе земат дел од ветераните на АРМ, млади лица и претставници од институциите.

Предвидена е посета на Спомен собата на Шестата Македонска Народноослободителна бригада, како и проекција на видео запис од Формирањето на АРМ – Првата заклетва на војниици во Касарната Михајло Апостолски во Охрид.

За роденден на АРМ е избран 18-ти август, денот кога во 1943 година на Славеј Планина бил формиран баталјонот „Мирче Ацев”. Процесот за формирање на современата македонска армија e започнат во 1992 година, кога тогашниот претседател Киро Глигоров, со раководството на ЈНА го потпиша договорот за дислокација на федералната армија од територијата на Република Македонија. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Охрид најубав: 17. август 2023 година
Next Успешен старт на Вардар и Алкалоид на Струшкиот ракометен турнир

Слични вести

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци? Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?
1 min read

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите
1 min read

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска „Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска
1 min read

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.