Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад

Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад

1 min read
Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад

Охрид, 30. април 2026 (ИНПРЕС) – И повторно… мапирани и исчистени диви депонии во населбите Воска и Даљан.

Службите на ЈП „Охридски комуналец“ и овој пат го расчистија она што несовесни граѓани го одложиле таму каде не треба, деградирајќи јавни површини и загрозувајќи ја животната средина на околното население.

– Мапирани се диво создадени депонии на 6 локации во овие населби од каде се подигнат 55 м³ кабаст и зелен отпад. Апелираме до граѓаните да покажат поголема одговорност во нашите напори во зачувување на животната средина, а секое депонирање на отпад на несоодветни локации ќе биде санкционирано, велат од претпријатието.

Неодамна оттаму најавија дека на критичните локации каде во континуиран период наназад има диви депонии, е поставен видео надзор. Дали нешто е регистрирано во овој случај и дали ќе биде казнето  останува да видиме.

Во текот на минатата година според информациите на ЈП „Охридски комуналец“, подигнати се 5.314 m³ најразличен отпад од диви депонии создадени од несовесни поединци, а локациите на кои никнувале диви депонии се „распослани“ низ целото градско подрачје.

Како решение за овој хроничен проблем ја посочија потребата од воведување на комунална полиција. Ваква служба постои во градовите од соседството како Белград, Тирана, Подгорица и дава позитивни резултати во неколкукратно намалување на нечистотијата. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ЈП „Охридски комуналец“

Post navigation

Previous Претставата „Перфектни странци“ на охридските гимназијалци на 4 мај во Центарот за култура „Григор Прличев“
Next Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Слични вести

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк
1 min read

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.