Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Три златни медали за Јован Стојоски на Национално атлетско првенство

Три златни медали за Јован Стојоски на Национално атлетско првенство

1 min read

Охрид, 11. јули 2023 (ИНПРЕС) – Тројно злато за атлетичарот на АК „Охрид“, Јован Стојоски на Национално првенство за сениори што викендов се одржа во Скопје.

Тој е македонски национален шампион во дисциплините 100, 200 и 400 метри.

Јован Стојоски како член на АК „Охрид“ и како дел од македонската репрезентација има учествувано на бројни атлетски митинзи, на трки во сала и на отворено, Купови, Балкански Европски и Светски првенства и е носител на неколку државни рекорди.

Во февруари лани собори македонскиот државен рекорд стар 35 години во дисциплината 400 метри во сала, на атлетскиот митинг во Будимпешта. Стојоски истрча за време од 47,18 секунди, со што успеа да го надмине својот поранешен тренер Исмаил Мачев кој на истиот митинг во 1987 година истрча за време од 47,49 секунди и три и пол децении го држеше државниот рекорд во оваа дисциплина.

Јован Стојоски денес трча 400 метри на Мундијалот во Доха

Лани постави и нов државен рекорд на 100 метри, на 26-от Меѓународен атлетски митинг во Бар, Црна Гора патеката ја истрча за 10.59 секунди, со што го сруши претходниот национален рекорд 10.61 секунди, а за 11 стотинки го подобри и својот личен рекорд.

Во 2021 година ја претставуваше Македонија на Летните Олимписки Игри во Токио, во дисциплината 400 метри.

Неодамна, како дел од македонската репрезентација, учествуваше на Европското екипно првенство во Силесиа, Полска, каде заврши петти на трката на 400 метри (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Струга Трим Лум по добар резултат во Литванија во квалификациите за ЛШ
Next Струга Трим Лум вечерва во Вилнус игра против Жалгирис

Слични вести

Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии
1 min read

Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии

Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров

Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров

Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца
1 min read

Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.