Белград, 26. декември 2015 (ИНПРЕС) – Во рамки на досега најобемната акција за борба против корупцијата во Србија, српската полиција упаси 79 лица, меѓу кои се и поранешниот министер за трговија и за земјоделство Слободан Милосављевиќ, неколкумина некогашни помошници министри и директори на јавни претпријатија, како и повеќе бизнисмени.
Уапсените се товарат дека на државата и нанеле штета од над 100 милиони евра.
Стефановиќ на вонредна прес-конференција во Белград информира дека акцијата е спроведена врз основа на истраги водени уште во 2004 година.
Најголемата акција во борбата против корупцијата во Србија во текот на ноќта е завршена со приведување на 80 лица. Покрај Милосављевиќ, меѓу приведените е и Жељко Жуниќ, сопственик на фирмата „Биохемија“. (Крај)
извор: Плус Инфо фото: архива







