Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • Убавините на Охрид и Македонија презентирани на саемот за туризам ITF Istanbul, следната година се очекуваат 40% повеќе туристи од Турција

Убавините на Охрид и Македонија презентирани на саемот за туризам ITF Istanbul, следната година се очекуваат 40% повеќе туристи од Турција

1 min read
Убавините на Охрид и Македонија презентирани на саемот за туризам ITF Istanbul, следната година се очекуваат 40% повеќе туристи од Турција

АППТ Саем за туризам Истанбул

Истанбул/Охрид, 10. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Убавините на Охрид и Република Македонија се презентираат на саемот за туризам ITF Istanbul.

Директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Билјана Стефаноска оствари средба со членови на Управниот одбор на ТУРСАБ, при што било договорено да се оствари информативно патување во земјава.

Бројот на туристи од Турција за седум месеци од годинава го надмина бројот од 100.000 гости, ова е мотив за поголеми промотивни активности во овој туристички пазар. Проекцијата за следната година е зголемување на турските посетители на Балканот за 40%. Турците доаѓаат на кружни патувања, додека во Република Македонија туристичките тури вклучуваат посета на Скопје, Битола, Охрид со акцент на културниот туризам. Традиционалните врски со Турција и блискоста со македонскиот народ го зголемува интересот на турските туристи за посета на Република Македонија.

Претставници на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на туристичкиот саем ITF Istanbul ќе ги промовираат туристичките содржини и можности за зголемување на туристичкиот промет во државава. (Крај)

извор: АППТ фото: АППТ

Post navigation

Previous ОХРИД во 12: Најновите вести од Охрид четврток 10.10.2024 година (Видео)
Next Најмладите од ООУ „Св. Климент Охридски“ положија заклетва и станаа дел од Детската организација

Слични вести

Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања
1 min read

Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања

Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија

Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија

Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации Алгеро и Палермо во Италија Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации Алгеро и Палермо во Италија
1 min read

Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации Алгеро и Палермо во Италија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.