Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Убавините на Охрид ќе се презентираат на Саемот за туризам во Белград

Убавините на Охрид ќе се презентираат на Саемот за туризам во Белград

1 min read

Охрид, 22. февруари 2018 (ИНПРЕС) – Со соодветна програма и презентација, Охрид и неговите убавини и понуда ќе бидат презентирани на годинешниот 40-ти по ред Саем за туризам во Белград, Република Србија.

Со над 1.200 излагачи, на повеќе од 30.000 м2 и очекувани близу 100.000 посетители, оваа манифестација прерасна во најголема од овој вид во југоисточна Европа. Полни 40 години ги исполнува светските стандарди во работата, со излагачите гради партнерски односи со квалитетна понуда и нуди разновидни случувања и богата саемска програма, што секоја година резултира со се` поголем број посетители. Минатата година на Саемот за туризам се претставија 1.103 излагачи, а бројот на посетители се искачи на над 70.000. Туристичкиот саем ќе биде отворен денес, а ќе трае до 25-ти февруари.

Потенцијалите на Охрид ќе бидат презентирани на македонскиот штанд на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Во Белград патуваат претставници на секторот за туризам и локален економски развој, на туристичкиот еснаф како и на ХОТАМ. Овој саем се издвојува како особено значаен за Охрид, со оглед на тоа што најголемиот број на туристи во градов се од Србија.

Токму заедничките настапи на Охрид со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на саемите за туризам беа во фокусот на средбата на градоначалникот Стојаноски и претставници на Агенцијата. Покрај на саемот во Србија, соработката за промоција ќе продолжи и на саемите во Хрватска и Германија. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Се разгледуваат мерки и студии за воспоставување заеднички Систем за управување со информации меѓу земјите во Дримскиот басен
Next Непознат маж фрлил бомба на амбасадата на САД во Подгорица, па се самоубил

Слични вести

Лазаревски за InPress и Супер радио: Учествата на Европско или Светско првенство за нас е огромен успех, како федерација сме една од поуспешните Лазаревски за InPress и Супер радио: Учествата на Европско или Светско првенство за нас е огромен успех, како федерација сме една од поуспешните
1 min read

Лазаревски за InPress и Супер радио: Учествата на Европско или Светско првенство за нас е огромен успех, како федерација сме една од поуспешните

Во сабота Меѓународна подводна еколошка акција за чистење на Охридското Езеро Во сабота Меѓународна подводна еколошка акција за чистење на Охридското Езеро
1 min read

Во сабота Меѓународна подводна еколошка акција за чистење на Охридското Езеро

Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција
1 min read

Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.