Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Убиецот на војниците во БиХ се самоубил

Убиецот на војниците во БиХ се самоубил

Сараево, 19. ноември 2015 (ИНПРЕС) – Енес Омерагиќ кој синоќа во сараевската населба Рајловац убил двајца војници и ранил неколку други лица, се самоубил во својата куќа која била опколена од полицијата.

Ова го потврди министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Драган Мектиќ. Претходно Омерагиќ во една обложувалница убил двајца припадници на Оружените сили на Босна и Херцеговина и ранил уште еден војник, како и жена која работела во обложувалницата. Потоа тој стрелал во градски автобус при што го ранил шоферот, како и двајца патници.

Сараевските медиуми го идентификуваа напаѓачот како селафист, односно припадник на ултра конзервативната исламистичка идеологија која повикува на џихад во светот. (Крај)

извор: Р.С.Европа фото: архива

Post navigation

Previous Рачна граната фрлена во дворот на Уставниот суд во Приштина
Next Србија почнува да ја спушта рампата за бегалците

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.