Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • УНЕСКО следната година ќе го разгледува статусот на Охридското Eзеро

УНЕСКО следната година ќе го разгледува статусот на Охридското Eзеро

УНЕСКО следната година ќе го разгледува статусот на Охридското Eзеро

Охрид, 4. ноември 2024 (ИНПРЕС) – УНЕСКО внимателно ја следи состојбата на Охридското Езеро, но дали ќе биде ставен на листата на светско културно наследство во опасност ќе одлучуваат во јули 2025 година, објави Радио Слободна Европа.

Жителите на Охрид и екологистите предупредуваат дека и натаму претераната урбанизација, преоптоварениот колекторски систем и загадените реките го уништуваат Охридското Езеро.

– Најмалку од 2017 година, состојбата на природното и културното наследство на Охридскиот регион е загрижувачка за Комитетот за светско наследство, особено поради влијанието на човековите активности и развојните проекти. Затоа, локацијата е предмет на внимателно следење од страна на УНЕСКО и експертите на неговите советодавни тела, што вклучува доставување чести извештаи од државите членки за состојбата на зачувување на локацијата“, велат од УНЕСКО за РСЕ.

Екологистите и жителите сведочат дека во Охридското Езеро продираат води од септички јами, полски клозети, фарми и депонии, но и од цевките на десетици ресторани, хотели и приватни резиденции неповрзани на колекторскиот систем. Тоа влијае езерото забрзано да ги губи популациите на риби, полжави и други ендемски видови стари милиони години.

Во септември 2023 година, Комитетот за светско наследство побара заедничка мониторинг мисија која беше спроведена од Центарот за светско наследство во март 2024 година. Извештајот на мисијата уште не е објавен, но од УНЕСКО велат дека е во завршна фаза. Тој треба да обезбеди целосна проценка за тоа колку се спроведени претходните препораки и може да формулира и нови препораки доколку е потребно.

На прашањето на РСЕ дали УНЕСКО би можел да го избрише Охридското езеро од списокот на светско културно наследство, од организацијата велат дека тоа никогаш досега не било разгледувано како опција. Комитетот за светско наследство може да одлучи да го запише на списокот на светско наследство во опасност, што дава дополнителни можности за техничка и финансиска помош и за меѓународна соработка.

Целиот текст ТУКА. (Крај)

извор: РСЕ фото: ИнПрес

Post navigation

Previous „Збогум Буково“: Во сабота консултативна средба и дискусии за соодветно затворање на депониите „Буково“ и „Мауцкер“
Next InPress патрола на автопатот Кичево-Охрид (Фото/Видео)

Слични вести

Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии
1 min read

Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии

Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров

Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров

Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца
1 min read

Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.