Охрид, 7. август 2023 (ИНПРЕС) – Православните верници го слават денешниот ден во чест на успението на Св. Ана, мајката на Богородица.
Денес се празнува нејзиното успение, а нејзиниот главен празник паѓа во месец септември. Света Ана потекнуваше од Левиевото колено (еврејско свештеничко колено).
Татко и беше свештеник по име Матан.
Проживеа долг и богоугоден живот и во длабока старост се претстави пред Бога.
извор: МПЦ-ОА фото: архива








