Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Вевчани, 7-ми август 1987 година, да не се повтори и заборави…

Вевчани, 7-ми август 1987 година, да не се повтори и заборави…

1 min read
Вевчани, 7-ми август 1987 година, да не се повтори и заборави…

Вевчани, 7. август 2023 (ИНПРЕС) – Вевчанскиот случај од далечната 1987 година, кога тогашната власт имала намера да ги каптира Вевчанските Извори, под изговор дека носи вода за жителите од соседното село Октиси, а всушност, имала намера водата да ја користи за елитната викенд-населба „Елен Камен“, каде што се наоѓале вилите на тогашните челници на власта, и после толку години останува настан кој не смее да се заборави.

На обидот на тогашната власт се спротиставија жителите на Вевчани со поставување на барикади и не се дозволија да се постават водоводните цевки.

Немирите ја достигнаа кулминацијата на денешен ден, 7-ми август 1987 година, кога интервенираа специјални полициски сили, и за првпат во тогашна Југославија биле употребени „електрични пендреци“.

Денешниот ден биде засекогаш запишан во историјата на живеењето на Вевчани, но и во и колективната меморија на гордите вевчанци.

Државата која беше осудена на пропаст, започна да си ги „крши забите“ токму преку плеќите на овој чесен и горд народ, кој застанувајќи зад највредното, водата, всушност кажа гласно НЕ и беше предвесник на настаните кои подоцна ставија крај на заедничката идеја.

Во историјата, „Вевчанскиот случај“ ќе биде запишан и како метафора на непокорот и вечната борба за опстанок на овој простор.

Младиот поет од Вевчани Дарко Лешоски со неколку зборови одлично ја отслика суштината на вевчанци:

Вевчанец не е ни верска, ни етничка, ни национална определба, нит место на рождање – карактер је! 

извор: ИнПрес/книгата на Алимпие Анѓелски фото: архива

Post navigation

Previous Успение на Св. Ана, мајката на Богородица
Next Во вторник и среда крводарителски акции за празникот Св. Климент

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.