Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Nekategorizirano
  • Успешно заврши 6. Меѓународен таеквондо ИТФ натпревар „Ohrid Open 2026“, македонските клубови освоија вкупно 42 медали

Успешно заврши 6. Меѓународен таеквондо ИТФ натпревар „Ohrid Open 2026“, македонските клубови освоија вкупно 42 медали

1 min read
Успешно заврши 6. Меѓународен таеквондо ИТФ натпревар „Ohrid Open 2026“, македонските клубови освоија вкупно 42 медали

Охрид, 24. јуни 2026 (ИНПРЕС) – Охрид повторно беше домаќин на еден од најзначајните ИТФ таеквон-до настани во регионот, Меѓународниот ИТФ натпревар „Ohrid Open 2026“, на кој учествуваа 317 натпреварувачи од девет европски држави.

Натпреварувачите од Македонија, Молдавија, Грција, Бугарија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Италија и Хрватска приредија врвни борби, атрактивни настапи и вистински спортски спектакл пред присутната публика.

Особено успешен настап имаа македонските клубови, кои освоија вкупно 42 медали – 8 златни, 11 сребрени и 26 бронзени.

Најуспешен домашен клуб беше ХВА РАНГ ИТФ од Лесоец, со освоени  4 златни, 6 сребрени и 8 бронзени медали. Одлични резултати забележаа и клубовите „Мастер“ со еден златен, два сребрени и три бронзени медали, „Ахилиус“ со два сребрени и еден бронзен медал, „Ге – бек“ Ресен со три златни, еден сребрен и девет бронзени медали, „Сонкал“ со четири бронзени медали и „Чон-Џи“ со еден бронзен медал.

– Покрај спортските резултати, натпреварот испрати силна порака за пријателство, почит и соработка меѓу државите и клубовите, вредности кои се темел на традиционалното таеквон-до. Македонската традиционална таеквон-до федерација (МТТФ) упатува искрена благодарност до генералниот спонзор ПН Метал, Општина Охрид и Министерството за спорт, чија поддршка овозможи успешна организација на овој значаен меѓународен спортски настан, вели претседателот на федерацијата Марјанчо Лазаревски.

Додава дека настанот уште еднаш потврди дека Охрид и Македонија успешно се позиционираат на европската таеквон-до ИТФ мапа, а интересот и квалитетот на учесниците покажаа дека „Охрид Опен“ прераснува во еден од најпрепознатливите меѓународни турнири во регионот. МТТФ продолжува да создава настани што ја промовираат Македонија, спортот и вредностите на традиционалното таеквон-до на европската сцена. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек
Next Ана Петановска ја промовира „Балада за Ангелот“, во јули ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват

Слични вести

Деновиве ќе бидат објавени добитниците на општинските признанија, поднесени се 5 апликации за награда и 10 за повелбите – Патрон на градот „Св. Климент Охридски“ Деновиве ќе бидат објавени добитниците на општинските признанија, поднесени се 5 апликации за награда и 10 за повелбите – Патрон на градот „Св. Климент Охридски“
1 min read

Деновиве ќе бидат објавени добитниците на општинските признанија, поднесени се 5 апликации за награда и 10 за повелбите – Патрон на градот „Св. Климент Охридски“

New Order објавија ремастеризирана верзија од албумот „Brotherhood“ од 1986 година
1 min read

New Order објавија ремастеризирана верзија од албумот „Brotherhood“ од 1986 година

По пад од балкон на хотел во Буенос Аирес почина Liam Payne, поранешен член на One Direction
1 min read

По пад од балкон на хотел во Буенос Аирес почина Liam Payne, поранешен член на One Direction

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.