Охрид, 6. декември 2024 (ИНПРЕС) – Во рамки на програмата за одбележување на празникот на заштитникот на Охрид, Св.Климент Охридски, утревечер ќе се одржи традиционалната изложба на Фото клубот „Охрид“.
– И оваа година по 26-ти пат членовите на Фото клуб „Охрид“ традиционално ќе се претстават пред охридската публика. Она што го носат во себе авторите доста вешто, мајсторски и уметнички успеваат да го визуелизираат преку своите фотографии. Инспирацијата ја наоѓаат во светот околу нас, случувањата, природата, објектите, лицата и друго, велат од Фото клубот „Охрид“.

Ќе бидат изложени 40 фотографии од 20 автори. Отворањето е во 18:00 часот, во изложбениот салон на Центарот за култура „Григор Прличев“. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива







