Охрид, 13. февруари 2026 (ИНПРЕС) – Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“. Ќе се одржува во спортскиот центар „Климент Колески“ во Охрид, а ќе трае до 19 април.
Истиот е во организација на „Sport Brothers Ohrid“, а натпреварите ќе се играат секој викенд, во сабота и недела. Учество ќе земат осум екипи и тоа: АСП ПАК, Магна, Костал, ТАВ Аеродром, Инекс Олгица, Жито Леб, Општина Охрид, ЛТХ Леарница и Макпетрол. Се очекуваат квалитетни и неизвесни натпревари, исполнети со фер-плеј и позитивна атмосфера.
– По завршувањето на турнирот ќе бидат доделени пехари и медали за трите најдобро пласирани екипи, како и индивидуални признанија за најдобар голман и најдобар стрелец. Со „Езерска бизнис лига“ сакаме да создадеме традиција што ќе го зајакне спортскиот дух и ќе ги поврзе компаниите преку дружење и здрава конкуренција. Иако годинава турнирот е локален, нашата цел е во иднина да прерасне во регионална лига. Натпреварите ќе се одржуваат секој викенд, во сабота и недела, со почеток од 16:00 часот, при што ќе се играат по два натпревари дневно, информираат организаторите.
Додаваат дека оваа година турнирот е со локален карактер, а во иднина постои можност истиот да прерасне во регионална бизнис лига.
Распоред на натпревари
1 коло
14 февруари
Костал – Магна 16:00 часот
Жито леб – Општина Охрид 17:00 часот
15 февруари
ЛТХ Леарница – Инекс Олгица
АСП ПАК – ТАВ Аеродром
слободен: Макпетрол
2 коло – викенд 21/22 февруари
Макпетрол-Општина Охрид
ЛТХ Леарница-Магна
АСП ПАК-Инекс Олгица
Костал-Жито леб
слободен: ТАВ Аеродром
3 коло – викенд 28 февруари / 1 март
АСП ПАК-Магна
ТАВ Аеродром-Инекс Олгица
ЛТХ Леарница-Жито леб
Макпетрол-Костал
слободен: Општина Охрид
4 коло – викенд 7/8 март
АСП ПАК-Жито леб
Општина Охрид-Костал
ТАВ Аеродром-Магна
ЛТХ Леарница-Макпетрол
слободен: Инекс Олгица
5 коло – викенд 14/15 март
Инекс Олгица-Магна
Општина Охрид-ЛТХ Леарница
Жито леб-ТАВ Аеродром
Макпетрол-АСП ПАК
слободен: Костал
6 коло – викенд 21/22 март
АСП ПАК-Општина Охрид
Инекс Олгица-Жито леб
ТАВ Аеродром-Макпетрол
Костал-ЛТХ Леарница
слободен: Магна
7 коло – викенд 28/29 март
Костал-АСП ПАК
Инекс Олгица-Макпетрол
Жито леб-Магна
ТАВ Аеродром-Општина Охрид
слободен: ЛТХ Леарница
8 коло – викенд 4/5 април
ЛТХ Леарница-АСП ПАК
Магна-Макпетрол
Костал-ТАВ Аеродром
Инекс Олгица-Општина Охрид
слободен: Жито леб
9 коло – викенд 18/19 април
Жито леб-Макпетрол
ЛТХ Леарница-ТАВ Аеродром
Магна-Општина Охрид
Костал-Инекс Олгица
слободен: АСП ПАК
извор: ИнПрес фото: архива
