Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“

Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“

1 min read
Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“

Охрид, 13. февруари 2026 (ИНПРЕС) –  Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“. Ќе се одржува во спортскиот центар „Климент Колески“ во Охрид, а ќе трае до 19 април.  

Истиот е во организација на „Sport Brothers Ohrid“, а натпреварите ќе се играат секој викенд, во сабота и недела. Учество ќе земат осум екипи и тоа: АСП ПАК, Магна, Костал, ТАВ Аеродром, Инекс Олгица, Жито Леб, Општина Охрид, ЛТХ Леарница и Макпетрол. Се очекуваат квалитетни и неизвесни натпревари, исполнети со фер-плеј и позитивна атмосфера.

– По завршувањето на турнирот ќе бидат доделени пехари и медали за трите најдобро пласирани екипи, како и индивидуални признанија за најдобар голман и најдобар стрелец. Со „Езерска бизнис лига“ сакаме да создадеме традиција што ќе го зајакне спортскиот дух и ќе ги поврзе компаниите преку дружење и здрава конкуренција. Иако годинава турнирот е локален, нашата цел е во иднина да прерасне во регионална лига. Натпреварите ќе се одржуваат секој викенд, во сабота и недела, со почеток од 16:00 часот, при што ќе се играат по два натпревари дневно, информираат организаторите.

Додаваат дека оваа година турнирот е со локален карактер, а во иднина постои можност истиот да прерасне во регионална бизнис лига.

Распоред на натпревари

1 коло
14 февруари
Костал – Магна 16:00 часот
Жито леб – Општина Охрид  17:00 часот

15 февруари
ЛТХ Леарница – Инекс Олгица
АСП ПАК – ТАВ Аеродром
слободен: Макпетрол

2 коло – викенд 21/22 февруари
Макпетрол-Општина Охрид
ЛТХ Леарница-Магна
АСП ПАК-Инекс Олгица
Костал-Жито леб
слободен: ТАВ Аеродром

3 коло – викенд 28 февруари / 1 март
АСП ПАК-Магна
ТАВ Аеродром-Инекс Олгица
ЛТХ Леарница-Жито леб
Макпетрол-Костал
слободен: Општина Охрид

4 коло – викенд 7/8 март
АСП ПАК-Жито леб
Општина Охрид-Костал
ТАВ Аеродром-Магна
ЛТХ Леарница-Макпетрол
слободен: Инекс Олгица

5 коло – викенд 14/15 март
Инекс Олгица-Магна
Општина Охрид-ЛТХ Леарница
Жито леб-ТАВ Аеродром
Макпетрол-АСП ПАК
слободен: Костал

6 коло – викенд 21/22 март
АСП ПАК-Општина Охрид
Инекс Олгица-Жито леб
ТАВ Аеродром-Макпетрол
Костал-ЛТХ Леарница
слободен: Магна

7 коло – викенд 28/29 март
Костал-АСП ПАК
Инекс Олгица-Макпетрол
Жито леб-Магна
ТАВ Аеродром-Општина Охрид
слободен: ЛТХ Леарница

8 коло – викенд 4/5 април
ЛТХ Леарница-АСП ПАК
Магна-Макпетрол
Костал-ТАВ Аеродром
Инекс Олгица-Општина Охрид
слободен: Жито леб

9 коло – викенд 18/19 април
Жито леб-Макпетрол
ЛТХ Леарница-ТАВ Аеродром
Магна-Општина Охрид
Костал-Инекс Олгица
слободен: АСП ПАК

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Панел дискусија за дивите депонии во Охрид
Next ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.