Охрид, 22. јуни 2023 (ИНПРЕС) – Поради градежни активности за асфалтирање утре и задутре (23-ти и 24-ти јуни), согласно времениот режим, улицата „Марко Цепенков“ ќе биде затворена за сообраќај.
Од Општина Охрид ги информираат жителите кои што живеат на улицата „Марко Цепенков“ и во населбите „Видобишта“ и „Гоце Делчев“ како и сите граѓани дека сообраќајот ќе се одвива по споредни улици. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
