November 9, 2023

Охрид, 9. ноември 2023 (ИНПРЕС) – Утре во просториите на СВР Охрид ќе се одржи крводарителска акција.

Наменета е за вработените во секторот, а добредојдени се и сите граѓани кои се во можност да ја покажат својата хуманост, да ја донираат својата скапоцена течност и да спасат нечиј живот.

Акцијата под мотото „Дарувај крв,дарувај живот“ ќе се реализира во периодот од 10:00 до 13:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива