Утре крводарителска акција во СВР Охрид
November 5, 2024

Охрид, 5. ноември 2024 (ИНПРЕС) – Црвен крст Охрид продолжува со реализација на програмата за крводарителски акции за 2024 година.

Под мотото „Секоја капка е важна“, утре во периодот од 09:00 до 12:00 часот, во просториите на СВР Охрид ќе се одржи крводарителска акција.

– Ги покануваме сите вработени да ја искажат својата хуманост на оваа крводарителска акција, да ја донираат својата скапоцена течност и да спасат нечиј живот, потенцираат од охридскиот Црвен крст. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива