Охрид, 31. август 2023 (ИНПРЕС) – Поради приклучување на новата водоводна линија од гимназијата „Св. Климент Охридски“ во градската водоводна мрежа, утре од 08:00 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците од централното подрачје и стариот дел на градот.
Од охридски „Водовод“ информираат дека прекин во водоснабдувањето ќе има на улиците: „Димитар Влахов“, „Партизанска“, „Славеј Планина“, дел од булевар „Туристичка“ (на потегот од гимназијата до бензиската пумпа Макпетрол), дел од „Јане Сандански“ (на потегот од гимназијата до кејот), „Кеј Македонија“, „Цар Самоил“, „Самоилова“, „Коста Абраш“, „Климентска“, „Св.Климент Охридски“, „Аргир Маринчев“, „11-ти Октомври“, „Боро Шаин“, „Бранко Шотра“, „Димче Маленко“ и дел од „Илинденска“.
извор: ИнПрес фото: архива