Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • УХМР: До 07:00 часот утрово во Охрид наврнаа 25 литри дожд на метар квадратен

УХМР: До 07:00 часот утрово во Охрид наврнаа 25 литри дожд на метар квадратен

УХМР: До 07:00 часот утрово во Охрид наврнаа 25 литри дожд на метар квадратен

Охрид, 9. ноември 2023 (ИНПРЕС) – Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) на Република Македонија, изминатите 24 часа, до 07:00 часот, во Охрид наврнаа 25 литри на метар квадратен воден талог.

– Најмногу дожд наврна во Дебар, 41 литар на метар квадратен, следуваат Маврови Анови со 34, Попова Шапка 31, Претор 26… Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената, информираат од УХМР.

По преодното стабилизирање во текот на денов, од утре попладне под влијание на нов влажен и постуден бран времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Во петок и сабота ќе дува засилен ветер од јужен и југозападен правец.

Се очекува врнежите позитивно да се одразат на водостојот на Охридското Езеро.

Во Охрид денес сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе се искачи до 14. степени. (Крај)

извор: УХМР фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Утре крводарителска акција во СВР Охрид
Next Водостојот на Охридското Езеро на еден сантиметар под просекот за ноември

Слични вести

Аеродромите во Охрид и Скопје меѓу најбрзо растечките во Европа, до мај опслужени 1,6 милиони патници Аеродромите во Охрид и Скопје меѓу најбрзо растечките во Европа, до мај опслужени 1,6 милиони патници
1 min read

Аеродромите во Охрид и Скопје меѓу најбрзо растечките во Европа, до мај опслужени 1,6 милиони патници

Еколошката свест и грижата за животната средина и понатаму ни се на ниско ниво Еколошката свест и грижата за животната средина и понатаму ни се на ниско ниво
1 min read

Еколошката свест и грижата за животната средина и понатаму ни се на ниско ниво

Утре велосипедска тура околу Охридското Езеро по повод Денот на Европа Утре велосипедска тура околу Охридското Езеро по повод Денот на Европа

Утре велосипедска тура околу Охридското Езеро по повод Денот на Европа

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.