Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • ФТУ Охрид организира студентска конференција за економија и бизнис во услужните дејности

ФТУ Охрид организира студентска конференција за економија и бизнис во услужните дејности

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 12. февруари 2024 (ИНПРЕС) – Центарот за научно истражувачка работа при охридскиот Факултет за туризам и угостителство (ФТУ), во соработка со факултетското студентско собрание организира студентска конференција за економија и бизнис во услужните дејности, предвидена за 22-ри мај.

– Целите на студентската конференција се насочени кон истражување и нови знаења, вмрежување на студентите и нивно поврзување со професионалци и истражувачи од секторот за да се согледаат потенцијалните можности за кариера, развивање презентациски вештини, како и развој на иновативни идеи и решенија за услужниот сектор, што ќе доведе до нови производи, услуги или деловни модели, соопштија од ФТУ.

Потенцираат дека услужниот сектор е исклучително значаен за светскиот и националниот економскиот раст и развој, генерира милиони вработување, значително придонесува во БДП, ги поттикнува иновациите и продуктивноста.

Трудовите на теми туризам и угостителство, хотелско-ресторански менаџмент, осигурување, гастрономија, финансии, менаџмент со ризик, царина и шпедиција и меѓународна трговија се поднесуваат до 15-ти мај, електронски на email адреса: conference@ftu.uklo.edu.mk, а ќе бидат прзентирани на денот на одржување на конференцијата.

Настанот е поддржан од Општина Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Османи: Граѓаните затекнати во странство по 12.февруари со стари патни исправи, ќе можат да се вратат со патен лист
Next Охридските возачи ги менуваат налепниците на регистарските таблички, колони возила во станиците за технички преглед (Фото/Видео)

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.