Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Османи: Граѓаните затекнати во странство по 12.февруари со стари патни исправи, ќе можат да се вратат со патен лист

Османи: Граѓаните затекнати во странство по 12.февруари со стари патни исправи, ќе можат да се вратат со патен лист

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Скопје, 9. февруари 2024 (ИНПРЕС) – Граѓаните кои што се затекнати во странство по 12. февруари а се со стари патни исправи, ќе можат да се вратат во државава со патен лист кој се издава во дипломатско-конзуларните претставништва, информира на денешниот брифинг со новинарите шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Османи кажа дека нема простор за паника кај граѓаните, ДКП-ата ќе работат во две смени и сабота и недела, додавајќи дека најголем наплив за барања на патни листови има во Германија.

– Таму има и две нови мобилни станици за издавање патни исправи. Најголем е напливот во Бон, каде се издадени над 6000 патни листови. Потоа во Берн, Берлин, Минхен, Венеција, Рим и Љубљана, рече Османи.

Османи кажа дека во државите каде немаме ДКП-а, односно во Африка каде што има само во Каиро, се работи на е-конзулат и патните листови ќе бидат праќани по пошта.

На 12.февруари истекува транзициониот рок од Преспанскиот договор, член 6. Османи вели дека има јасна политичка волја и од Македонија и од Грција за продолжување со целосна имплементација на договорот од Преспа. (Крај)

извор: ТВ24 фото: архива

Post navigation

Previous Успешен старт на сезоната за охридските стрелци на Меѓународен натпревар во Софија
Next ФТУ Охрид организира студентска конференција за економија и бизнис во услужните дејности

Слични вести

Здравје: Прекумерното пиење овошни сокови, според хепатолозите, може да го оштети црниот дроб Здравје: Прекумерното пиење овошни сокови, според хепатолозите, може да го оштети црниот дроб
1 min read

Здравје: Прекумерното пиење овошни сокови, според хепатолозите, може да го оштети црниот дроб

Прекин во водоснабдувањето на улица „Гоце Делчев“ Прекин во водоснабдувањето на улица „Гоце Делчев“

Прекин во водоснабдувањето на улица „Гоце Делчев“

Голем успех за младите козметички техничари од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ на натпревар во Битола Голем успех за младите козметички техничари од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ на натпревар во Битола

Голем успех за младите козметички техничари од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ на натпревар во Битола

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.